Јавен повик за доделување субвенција за проектот „Сервис за стари лица“

Врз основа на член 50 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 05/02; „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.202/24), точка 2 од Програмата за социјална, здравствена заштита и заштита на деца на Општина Центар-Скопје за 2025 година („Службен гласник на Општина Центар-Скопје“ бр.13/24) и Правилникот за начинот, условите и критериумите за остварување право на бесплатни пакети за нега на возрасни лица („Службен гласник на Општина Центар-Скопје“ бр.8/24), Градоначалникот на Општина Центар-Скопје објавува:

 

ЈАВЕН ПОВИК

за доделување субвенција за проектот „Сервис за стари лица”

 

 

Општина Центар-Скопје ќе започне со реализација на проектот Сервис за стари лица – „Центар се грижи за возрасните”, со примање на Барање почнувајќи од 19.9.2025 година и ќе трае до 25.9.2025 година.

 

Реализацијата на Проектот трае се до исцрпување на финансиските средства предвидени за оваа намена во Буџетот на Општината.

 

Критериуми:

  • Да е жител на Општина Центар-Скопје;
  • Да е на возраст над 62 години;
  • Да е корисник на пензија или да е корисник на социјална помош;
  • Висината на пензијата или социјалната помош не смее да надминува 35.000,00 денари месечно;
  • Корисникот на субвенцијата може да биде само еден (1) член од една семејна заедница (исклучок од ова може да биде само доколку се приложи извештај за специјална медицинска состојба за која е потребно вклучување на посебна нега и третман за второто лице).

 

Во Архивата на Општина Центар-Скопје, заедно со Барањето треба да поднесат:

  • Фотокопија од лична карта;
  • Фотокопија од потврда за примена пензија од последните два (2) месеци или потврда издадена од надлежна институција дека лицето е корисник на социјална помош;
  • Фотокопија од медицинска документација за здравствената состојба, не постара од една (1) година.

 

Се повикуваат сите заинтересирани лица што ги исполнуваат условите да пополнат Барање во Архивата на Општина Центар-Скопје (Барака 6).

Извор:www.centar.gov.mk

Сподели ја објавата