Уреден Паркот на новинарите

ФОТО: Општина Карпош

По акцијата на Општина Центар, продолжија активностите за целосно чистење и уредување на просторот кај Паркот на новинарите, спроти зградата на „Нова Македонија“.

Службите на Општината ја искосија тревата, го собраа расфрланиот отпад и го средија целиот јавен простор кој во изминатиот период беше узурпиран и претворен во небезбедна зона за граѓаните.

Градоначалникот Горан Герасимовски истакна дека секој јавен простор во Општина Центар мора да биде достапен, безбеден и чист.

„Жителите пријавија нарушување на јавниот ред и ние веднаш реагиравме. Со теренска акција ја вративме безбедноста, хигиената и функцијата на паркот кадешто секојдневно се собираат деца и родители. Поставување шатори, физички пресметки и слични инциденти се апсолутно неприфатливи. Ќе постапуваме за секое нарушување и нема да дозволиме јавниот простор да биде злоупотребуван“, порача Герасимовски.

„Акцијата беше спроведена врз основа на теренска проценка и по добиени пријави од жителите на Центар. Општина Центар останува посветена на зачувување на јавниот интерес и безбедноста на своите граѓани.“ стои во соопштението на Општина Центар.

Сподели ја објавата