60 НОВИ ПРОЕКТИ ЗА ОПШТИНА БУТЕЛ

274.000.000 денари за капитални инвестиции, за најголемиот инвестициски бум.

Денес Советот го изгласа ребалансот со што се усвои новиот развоен буџет на општина Бутел.

Со оваа одлука се создава можност за уште поголема динамика и забрзан развој на општината.

60 нови инвестиции за проекти кои ќе придонесат за подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Општина Бутел започна со реализација на најзначајните проекти.

Градоначалникот Дарко Костовски изрази благодарност до сите советници кои го поддржаа овој значаен ребаланс.

Локалната самоуправа продолжува со дела и искрена работа.

Општина Бутел се менува, посветено и чесно.

Извор:opstinabutel.gov.mk

Сподели ја објавата