Почнува изградбата на модерното помошно игралиште во Чаир

ФОТО: Општина Чаир

Денес, под раководство на градоначалникот на Општина Чаир, г. Висар Ганиу, беше одбележан официјалниот почеток на градежните работи за изградба на помошното игралиште во рамки на стадионот на ФК Шкупи – проект со големо значење за спортот во општината, кој целосно се финансира од буџетот на Општина Чаир.

На настанот присуствуваа Првиот заменик-претседател на Владата, г. Изет Меџити, Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, г. Масар Омерагиќ, Заменик-министерката за спорт, г-ѓа Сафие Шахини Садики, Претседателот на Советот на Чаир, г. Јетмир Асани, пратеничката г-ѓа Фериде Хаџиу, како и тренери, спортисти и претставници од спортската заедница.

Игралштето ќе има површина од 4644 м², со димензии 80 x 50 метри, вештачка трева според стандардите на ФИФА, систем за атмосферска дренажа и целосно осветлување, што ќе овозможи користење преку целата година. Работите се очекува да завршат во рок од 45 до 60 дена.

Овој проект е потврда за заложбата на Општина Чаир да создава современи и одржливи услови за развој на спортот и поддршка на новите спортски генерации.

Сподели ја објавата