Подготвена за отворање најголемата градинка во државата – „Бамби“ во рамките на детската установа „Фидани“

ФОТО: Општина Чаир

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, денеска го реализираше финалниот инспекциски надзор на новоизградениот објект на детската градинка „Бамби“, која претставува составен дел на детската установа „Фидани“ – проект што ја претставува градинката со најголем капацитет на ниво на цела Северна Македонија.

Објектот е целосно опремен со модерен инвентар и ентериер, согласно највисоките стандарди за предучилишно воспитание и згрижување. Со капацитет од 350 деца и 22 функционални занимални, оваа значајна инвестиција обезбедува сигурни, удобни и развојно стимулативни услови за најмалите граѓани.

Со завршувањето на градежните работи и внатрешното уредување, се очекува во наредните денови да се организира свеченото отворање на овој современ објект, додека паралелно ќе се финализираат и естетските детали кои дополнително ќе го збогатат неговиот изглед. Градоначалникот Ганиу истакна дека ваквите инвестиции претставуваат темел за стабилна иднина на младите генерации и остануваат непроменет приоритет во општинските политики на Чаир.

Сподели ја објавата