Подобрени услови за детска исхрана во градинките во Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров информира дека оброците за децата во сите објекти на јавната установа за згрижување деца од сега се подготвуваат во централната кујна при градинката „Росица“ – под строго контролирани услови и во согласност со највисоки хигиенски и нутритивни стандарди.

Со одговорно и домаќинско управување, Општината инвестираше во подобрување на условите за подготовка на оброците преку набавка на:

  • индустриска печка за подготовка на кифлички и останати тестени производи,
  • професионален миксер за месење тесто,
  • мелница за месо, со што се гарантира свежа и безбедна преработка на месни производи.

Како што истакна градоначалникот Александар Стојкоски, „Претходно, исхраната беше обезбедувана преку приватни производители, но таквиот модел на набавка се покажа како финансиски неоправдан, а квалитетот не ги задоволуваше критериумите што Општината ги смета за приоритетни кога станува збор за детска исхрана. Затоа одлучивме да преземеме целосна контрола врз подготовката на оброците – од квалитетот на намирниците, до хигиената на просториите и опремата“.

Воведувањето на централната кујна претставува уште еден важен чекор во грижата за најмладите жители на Ѓорче Петров, обезбедувајќи секојдневни оброци подготвени со внимание, проверен квалитет и со почитување на стандардите за здрава и балансирана исхрана.

Извор:opstinagpetrov.gov.mk

Сподели ја објавата