Во знак на почит и сеќавање на жртвите во катастрофалниот земјотрес што го погоди главниот град пред 62 години, градоначалникот Дарко Костовски положи свежо цвеќе заедно со колегите Орце Ѓорѓиевски, Дејан Митески и Александар Стојкоски.
Овој споменик не само што го чува споменот за жртвите, туку и нѐ потсетува на силата и издржливоста на градот Скопје и на сите негови граѓани.
Скопскиот земјотрес во 1963 година е познат како една од најголемите трагедии кои се случиле во историјата на градот, но истовремено и шанса на светот да ја покаже својата солидарност.
Нивната жртва нема да биде заборавена.
Скопје ќе биде повторно горд град.








Извор:opstinabutel.gov.mk