Дел од Карпош денеска без вода поради интервенција на „Водовод“

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека денеска (петок), поради замена на два затворачи со пречник Ф-300 мм на крстосницата меѓу улиците Париска и Букурешка, ќе има прекин во водоснабдувањето во дел од општина Карпош.

Без вода ќе останат корисниците на:

  • ул. Париска
  • дел од ул. Хелсинки
  • дел од ул. Прашка

Прекинот ќе трае од 09:00 часот до завршување на работните активности.

Сподели ја објавата