Вечерва градоначалникот Бобан Стефковски го отвори 18-тиот турнир во мал фудбал, кој традиционално се одржува во населбата Триангла, по повод 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија.
Овој спортски настан е од огромно значење за спортот и младите во Општина Гази Баба – симбол на заедништво, фер-плеј и љубов кон татковината.
„Како и досега, така и во иднина – ќе продолжиме целосно да ги поддржуваме турнирите и сè што ја негува традицијата, спортот и патриотизмот!“, стои во објавата на Општина Гази Баба.
Извор:gazibaba.gov.mk