Соопштение на Општина Гази Баба
Екипите на ЈКП Гази Баба започнаа акција за обележување на пешачките премини на локалните улици под наша надлежност.
Првата локација беше населбата Железара, а утре продолжуваме во Автокоманда.
Во наредните денови ќе се работи и во Триангла, Маџари, Хиподром, Ченто и други делови на нашата општина.
Обележувањето на пешачките премини не е само техничка работа – тоа е важен чекор кон зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, особено на најранливите категории – децата, учениците и повозрасните.
Јасно обележаните премини ги потсетуваат возачите да бидат повнимателни и да ја почитуваат предноста на пешаците.
Оваа акција е дел од нашата континуирана грижа за сообраќајната сигнализација и урбаниот ред – со цел да изградиме побезбедна и поорганизирана општина за сите.
Извор:gazibaba.gov.mk