Училиштата во Општина Карпош подготвени за новата учебна година

Овој 1-ви Септември во училиштата за прв пат во училишните клупи ќе седнат 608 првачиња.
Се констатираше и состојбата на вработените во училиштата, потребата за некои наставници, стручни соработници, како и за административно-технички персонал.
Од аспект на безбедноста се исполнети сите услови за непречено одвивање на наставата на основците.
Училиштата во текот на летните месеци беа бојадисани со еколошка боја, реконструирана беше и електричната мрежа каде што постоеше потреба за тоа, поставени беа нови противпожарни апарати во училишните објекти и обновени беа некои од хидрантските мрежи.
Од овој септември воспитно-образовниот процес во основните училишта низ Карпош ќе се одвива по најсовремени стандарди, за што локалната самоуправа обезбеди наменски средства од својот буџет. Имено, набавени се смарт-панели во сите училници и кабинети, за сите ученици од I -IX одд. Секое училиште се опреми со нова компјутерска училница за што беа набавени нови 254 компјутери. Поставени се фотоволтаични системи за заштеда на електрична енергија и во рамки на училиштата на сите спортски игралишта е поставена вештачка трева.
Во таа насока, Општина Карпош со истиот интензитет ќе продолжи да работи на подигнување на стандардите и подобрување на условите за едукација на најмладите

Извор:karpos.gov.mk

Сподели ја објавата