Во оваа пригода градоначалникот Стевчо Јакимовски ги посети учениците и наставниците кои работеа на терен. Притоа тој ја поздрави нивната иницијатива со која тие директно влијаат на подигнување на свеста на граѓаните, за одржување на здравата и чиста животна околина.
Пред сé ја поздравувам добрата соработка која ја имаат овие две основни училишта, кои заедно се здружија и ја реализираа оваа еколошка акција. Покрај тоа што учениците ни покажаа колку се вредни и совесни, јас навистина се гордеам со сите нив бидејќи најмладите пратија порака до пошироката јавност, како сите ние треба да се однесуваме кон животната средина во која живееме – додаде Јакимовски.
Извор:karpos.gov.mk