150 пензионери од Општина Центар денеска отпатуваа на еднодневна екскурзија во Охрид, организирана од градоначалникот Горан Герасимовски. Тој, утрово лично ги испрати пензионерите и им посака добар пат и пријатна прошетка во еден од најубавите градови во нашата земја.
„Дружбата и меѓусебното поврзување меѓу пензионерите е од особена важност бидејќи ја поттикнува социјалната активност и придонесува за подобро психичко и физичко здравје. Ме радува што сите пензионери од Центар се дружат и имаат разновидни секции кадешто творат и заедно го поминуваат времето. Им посакав добар пат, да уживаат во македонскиот бисер“, рече Герасимовски.
Градоначалникот ги покани пензионерите вечерва да присуствуваат и на концертот „Нешто што ќе остане“, кој ќе се одржи во Паркот на франкофонија со почеток во 19:30 часот. Настанот е отворен за сите граѓани и претставува можност за заедничко уживање во музика и дружење на отворено.
Извор:www.centar.gov.mk