Транспарентност и одговорност на дело – за доверба која се гради со работа, а не со зборови!
Денес, во дворот на Општина Гази Баба, градоначалникот Бобан Стефковски заедно со директорот на СОЗР, Ивица Томовски ги промовираа новите регистарски таблици во боја на општинските службени возила.
Ова е дел од владиниот проект за јасна идентификација на службените возила, а Гази Баба е една од првите општини во Македонија што ја имплементира оваа препорака.
Ова е втор чекор што го преземаме во борбата против можни злоупотреби. Првиот чекор:
24-часовен систем за следење на движењето на сите општински возила – воведен уште на почетокот од мандатот.
Заврши времето кога службените возила се користеа како лична сопственост.
Нема веќе носење на возилата дома.
Нема повеќе возење без оправдана потреба.
Не треба да ги користиме привилегиите на функцијата, ние сме во служба на народот!
Извор:gazibaba.gov.mk