Оглас за доделување спортски стипендии на талентирани спортисти од основните училишта во Општина Центар

Врз основа на член 50 став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 05/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 202/24), а во врска со точка 5.3 од Програмата за спорт и рекреација на Општина Центар-Скопје за 2025 година („Службен гласник на Општина Центар-Скопје” бр. 13/24), Градоначалникот на Општина Центар-Скопје објавува

 

ОГЛАС

за доделување спортски стипендии на талентирани спортисти од

општинските основни училишта на подрачјето на Општина Центар во

учебната 2025/2026 година

 

 

       Општина Центар-Скопје доделува стипендии за талентирани ученици од VI до IX одделение во сите спортски дисциплини и од I до IX одделение во спортската дисциплина шах од општинските основни училишта на територијата на Општина Центар-Скопје.

 

  1. Услови за доделување стипендија

 

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

– да се редовни ученици од VI до IX одделение во сите спортски дисциплини, освен учениците што се натпреваруваат во шах од I до IX одделение, во општинските основни училишта на подрачјето на Општина Центар.

 

  1. Критериуми за доделување стипендија

 

Потребно е ученикот-спортист да има постигнување на (индивидуални) спортски резултати, добиени и потврдени од националните спортски федерации за период од 1.1.2024 година до 31.8.2025 година и да се во согласност со календарот за натпревари на матичните национални и меѓународни федерации:

– Освоено прво место (1,5 бода), второ место (1 бод) и трето место (0,5 бода),   на државно првенство;

– Интернационални (меѓународни натпревари во кои учество ќе земат минимум пет држави) прво место (2 бода), второ место (1,5 бода) и трето место (1 бод).

– Балканско првенство прво место (3 бода), второ место (2,5 бода), трето место (2 бода);

– Европско првенство прво место (5) бода, второ место (4) бода, трето место (3) бода и за учество (1) бод;

– Светско првенство прво место (6 бода), второ место (5 бода), трето место (4 бода) и за учество (2 бода);

– Добитник на Годишната награда на Општина Центар-Феникс (1 бод).

 

Учениците што учествуваа и беа прогласени за најдобри играчи, голмани и стрелци во Лига-Центар 2024/2025 се стипендисти.

 

Другите успеси и резултати што не се во согласност со календарот на натпревари од националните и од меѓународните спортски федерации нема да се земат предвид.

 

III. Потребни документи

 

Со барањето ученикот-спортист треба да достави:

– Потврда од училиштето дека спортистот е редовен ученик од I до IX одделение или е со место на живеење на територија на Општина Центар (копија од лична карта на еден од родителите);

– Биографија на спортистот;

– Контакт телефон на родител-старател;

– Важечки документ (потврда) издадена од националната федерација за спортските успеси и резултати во периодот од 1.1.2024 година до 31.8.2025 година.

Доказите (дипломи, и билтен со печат од националната федерација) за освоени места за пласман да се достават во копии.

 

  1. Висина на стипендијата и рангирање

 

Стипендијата изнесува 2.500,00 денари, 3.000,00 денари и 3.500,00 денари месечно за осум месеци во текот на учебната година:

– За освоени од три (3) до шест (6) бода стипендијата изнесува 2.500,00 денари;

– За освоени од седум (7) до десет (10) бода стипендијата изнесува 3.000,00 денари;

– За освоени повеќе од десет (10) бода стипендијата изнесува 3.500,00 денари.

Кандидатот има право да поднесе апликација доколку претходно нема добиено стипендија од други институции.

 

  1. Начин на пријавување

 

Документите треба да се доставуваат до Архивата на Општина Центар-Скопје или по пошта на ул. „Михаил Цоков“ бр. 1 – Скопје, со назнака „ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СПОРТСКИ СТИПЕНДИИ НА ТАЛЕНТИРАНИ СПОРТИСТИ ОД ОПШТИНСКИТЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА ЦЕНТАР“.

 

  1. Рок за поднесување документи

 

Краен рок за поднесување документи е 23.9.2025 година.

Документите на кандидатите што не се комплетни и не се навреме доставени нема да се разгледуваат.

 

  • Секој заинтересиран ученик може да поднесе документи само на еден оглас – култура, наука или спорт. Доколку поднесе во различни категории, документите нема да се разгледуваат.

Извор:www.centar.gov.mk

Сподели ја објавата