Кражба на тротинет – девојка остана без чанта среде Скопје

ФОТО: Министерство за Внатрешни работи

Во текот на синоќешниот ден, околу 22:05 часот, Е.К. (23) од Скопје пријавила инцидент во полицијата. Според нејзината изјава, околу 20:40 часот, додека се наоѓала во угостителски објект во Центар, малолетник кој управувал со електричен тротинет ѝ одзел чанта во која имала паричник и лични предмети.

Полицијата веднаш презеде мерки за истражување на случајот и идентификација на сторителот.

Сподели ја објавата