Локалните избори во Карпош ќе започнат во фер и демократска атмосфера

Кодексот за фер и демократски избори е потврда за демократскиот капацитет на сите учесници во изборите, за демократскиот развој на нашето општество но и можност сите заедно да се придржуваат кон демократските принципи. Преку потпишувањето на овој Кодекс, потписниците  испраќаат порака до јавноста за фер и демократско однесување, почитување на сите закони, правила и прописи и почитување на владеењето на правото при организирање и спроведување на изборниот процес.

Извор:karpos.gov.mk

Сподели ја објавата