Дел од Ѓорче Петров денеска шест часа без струја

Денеска повеќе улици во општина Ѓорче Петров ќе останат без електрична енергија. Според информациите од Регионалниот центар за управување со кризи, прекинот ќе трае од 09:00 до 15:00 часот.

Без струја ќе бидат корисниците на улиците „Веле Марков“, „Ибе Паликуќа“, „Воин Драшковиќ“ и „Рафаел Батино“.

Надлежните апелираат граѓаните навреме да ја прилагодат својата дневна рутина во согласност со најавениот прекин.

Сподели ја објавата