Жителите на селото Глумово денеска се соочуваат со прекин во водоснабдувањето поради уличен дефект на водоводната мрежа.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, повикувајќи се на известување од ЈП „Водовод и канализација“, дефектот е на цевка со пречник од 80 милиметри на ул. 1 бб, во близина на маркет „Вива“.
Прекинот започна ноќеска, во 00:15 часот, и ќе трае сѐ до завршување на санацијата.