Асфалтирање во тек – увид во градежните активности во населено место Гоце Делчев

Денеска беше направен увид во градежните активности за асфалтирање на улица во населено место Гоце Делчев, како дел од тековната програма за подобрување на локалната патна инфраструктура.

Работите се одвиваат со добра динамика – теренот е целосно подготвен, поставен е тампон-слој, а денес се очекува финалниот слој на асфалт.
При увидот беше потврдено дека се почитуваат сите технички стандарди и безбедносни протоколи.
Според најавите од изведувачот, целата постапка ќе биде завршена во предвидениот рок.
Жителите на оваа улица одамна го очекуваа асфалтирањето, кое значително ќе го подобри квалитетот на живот, ќе го олесни движењето и ќе ја зголеми безбедноста, особено за пешаците и децата.
Ова е само еден дел од нашите заложби за подобри улици и уредени населби.

Извор:gazibaba.gov.mk

Сподели ја објавата