Платформата „Независни заедно“ денеска објави дека поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (Антикорупциска комисија), Билјана Ивановска, ќе се кандидира за градоначалничка на Општина Центар како независна кандидатка.
Кандидатурата на Ивановска ја поддржуваат граѓанските иницијативи „Шанса за Центар“, „Зелените за Гази Баба“ и „398“.
Официјалното претставување на кандидатурата ќе се одржи на четврток, 14 август 2025 година, пред фонтаната „Лотус“ на влезот во Градски парк. Ивановска ќе одржи прес-конференција на која ќе ги претстави своите мотиви, визија и приоритети за Општина Центар.