Денеска дел од жителите на Општина Аеродром останаа без вода за пиење поради уличен дефект на главната водоводна мрежа.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот во водоснабдувањето започна во 09:15 часот и ќе трае до целосно санирање на дефектот на цевка Ф-150 мм, кој се појавил на булевар „Јане Сандански“ бр.20, спроти сендвичарата „7ца“.
Без вода се корисниците од булевар „Јане Сандански“ од број 4 до број 26, како и дел од улиците „Коста Новаковиќ“, „Владимир Комаров“ и „Васко Карангелевски“.
Надлежните апелираат граѓаните од овие делови на Аеродром да ја прилагодат својата дневна рутина додека трае интервенцијата.