Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, повикувајќи се на информации од ЈП „Водовод и канализација“, информира дека денес, на 19 септември 2025 година без вода ќе останат делови од општините Карпош и Центар.
Во општина Карпош, прекин во водоснабдувањето ќе има од 9 часот на улиците „Будимпештанска“, „Осло“, „Љубица Георгиева“, „Бањалучка“, „Хашка“ и дел од „Женевска“. Причината е дефект на приклучна водоводна цевка Ф-1“ и дефект на затварач од Ф-100 мм.
Во општина Центар, поради изведување на водоводен приклучок Ф-80 мм на улица Пиринска бр. 31, без вода ќе останат корисниците од улицата Пиринска и дел од улицата Ленинова. Прекинот ќе започне во 09:00 часот и ќе трае до завршување на работите.