Денеска, до 19 часот, на територијата на државата се евидентирани вкупно 20 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив, седум се активни, два се ставени под контрола, а единаесет се целосно изгаснати.
Активни пожари
- Македонски Брод – мешана шума во повеќенаменското подрачје „Јасен“.
- Сарај – села Свиларе и Радуша кон Дворце, пожар во ниска вегетација и мешана шума.
- Врапчиште – меѓу селата Сенокос и Горјане, шумски пожар.
- Македонски Брод – село Крапа, ниска вегетација и нискостеблеста шума.
- Долнени – близина на кланицата, гори ниска вегетација и стрништа.
- Прилеп – село Големо Коњари, ниска вегетација и стрништа.
Пожари под контрола
- Крива Паланка – село Нерав, место „Биљино“, ниска вегетација и шума.
- Кичево – село Челопеци, нискостеблеста шума.
Изгаснати пожари
- Чешиново-Облешево – село Чешиново.
- Кичево – Челопеци – Миокази.
- Куманово – „Дива населба“ кај салонот „ДУЛИ“ и село Оризаре.
- Јегуновце – села Прељубиште, Јанчиште (кај црквата) и Копанце.
- Радовиш – село Прналија.
- Долнени – село Секирци.
- Кривогаштани – село Обршани.
- Брвеница – од село Теново кон месноста „Света Недела“.
ЦУК апелира до граѓаните да бидат внимателни и да пријавуваат секое забележано огниште со цел навремена интервенција и спречување на поголеми штети.