Изминативе денови во Општина Гази Баба ќе се спроведува целосна дератизација со цел превенција кај населението од заразни болести.
Преку 4000 шахти на територијата на цела општина ќе бидат опфатени, а особено околу објектите на сите градинки и основни училишта. Сертифицирана компанија ги спроведува овие активности со цел да овозможиме подобри санитарни услови за децата и воспитно образовниот кадар во секој објект.
Преку дератизацијата, која е процес релевантен ќе спречиме појавата на глодари да се зголемува, во и околу сите објекти и институции на нашата територија.
Ние како општина сме во постојана комуникација и координација со нашите служби и во согласност со програмата која ја имаме за заштита и спасување за 2025 година на Општина Гази Баба ќе придонесеме за подобри санитарни услови на целата наша територија.
Акцијата е започната од вчера и ќе се одвива во следниве неколку недели.
Извор:gazibaba.gov.mk