Герасимовски: Ве чекам во среда на добра музика со Јанг Дади во Паркот на Франкофонија

Во среда, 27 август, скопјани ќе имаат можност да уживаат во уште една летна вечер исполнета со музика и забава. На сцената во Паркот на Франкофонија ќе настапи еден од најпопуларните млади артисти во земјава – Јанг Дади, кој со својата музика и енергија ќе ја претвори вечерта во вистински музички спектакл.

„Центар е место каде што граѓаните се чувствуваат опуштено, исполнето и поврзано. Со вакви настани ја враќаме радоста на заедничките дружби под отворено небо. Уверен сум дека концертот на Јанг Дади ќе донесе многу позитивна енергија и спомени што ќе ги паметиме долго“, истакна градоначалникот Горан Герасимовски.

Програмата ќе започне во 19 часот со настапот на Сани и Стела и активности за најмладите посетители, а од 20 часот сцената е резервирана за Јанг Дади. Забавата ќе биде збогатена со аниматор и динамична програма за сите генерации.

Концертот е бесплатен за сите посетители и е дел од проектот „На одмор сум, во Центар сум“, кој го реализираат Општина Центар и Паблишер.

Видео: https://www.facebook.com/reel/2947932745386366

Извор:www.centar.gov.mk

Сподели ја објавата