Град Скопје во рамки на постапката за изработка на новиот Генерален урбанистички план ГУП 2022–2032 година организира Јавна дискусија со цел вклучување на граѓаните во процесот на планирање и уредување на просторот.
Јавната дискусија за четвртите лоцирани во Општина Ѓорче Петров ќе се одржи на 14 август 2025 година со почеток во 9 часот во салата на Град Скопје барака 13 и тоа за Градска четврт СЗ 04 (од 9 до 10 часот), C3 05 (од 10 до 11 часот), C3 27 (од 11 до 12 часот), C3 09 (од 12 до 13 часот) и C3 10 (од 13 до 14 часот).
Граници на опфат на Градска четврт СЗ 04:
– од североисток: по оска на улица „Лука Геров“;
– од југоисток: по оска на улица “Тиранска“;
– од запад и југозапад: по осовина на железнички колосек, односно по граница на ГУП на град Скопје.
Граници на опфат на Градска четврт СЗ 05:
– од северозапад: по оска на улица “Тиранска“;
– од североисток: по оска на улица “Шар Планина“;
– од југоисток: по оска на улица “Лепенец“;
– од југозапад: по оска на улица “Лука Геров“.
Граници на опфат на Градска четврт СЗ 27:
– од северoисток и исток: по оска на улица “Лука Геров“;
– од северозапад: по оска на Новопланирана собирна улица 18 (улица “Тиранска“);
– од ј југозапад и југ: по оска на магистрална железничка линија Скопје – граничен премин со Р. Косово.
Граници на опфат на Градска четврт СЗ 09:
– од северозапад: по оска на улица “Новопланирана собирна улица 18“;
– од североисток: по оска на магистрална железничка линија;
– од исток: по оска на улица “Лука Геров“;
– од југ: по оска на магистрална улица ул “Црногорска“.
Граници на опфат на Градска четврт СЗ 10:
– од северозапад и североисток: по граница на ГУП на град Скопје;
– од југоисток: по оска на улица “Новопланирана собирна улица 18“;
– од југозапад: по оска на ул “Пат за економија“.
Граѓаните можат да дадат свои предлози мислења и забелешки за време на јавната дискусија а истите можат да ги достават и писмено во архивата на Град Скопје барака 16 или електронски на адресата gup@skopje.gov.mk
Град Скопје ги повикува сите заинтересирани граѓани и претставници на заедницата активно да се вклучат во овој процес од јавен интерес.