До 07:00 часот утрово, во земјава се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив, 20 се целосно изгаснати, два се активни, а три се ставени под контрола.
Активни пожари има во повеќенаменското подрачје „Јасен“, во општина Македонски Брод, каде што гори мешана шума, како и во Октишка краста, Струга, каде што е зафатена ниска вегетација.
Под контрола се следниве пожари:
- Општина Сарај 2, од село Радуша кон село Дворце (ниска вегетација)
- Општина Арачиново (ниска вегетација)
- Општина Демир Хисар, село Мало Илино (дабова шума)
Изгаснати се пожарите во следниве општини и локации:
- Кичево, с. Челопеци (нискостеблеста шума)
- Македонски Брод, с. Крапа (нискостеблеста вегетација)
- Крива Паланка, с. Нерав, место „Биљино“ (ниска вегетација и шума)
- Струга, с. Белица (багреми и ниска вегетација)
- Тетово: с. Џепчиште, с. Жеровјане и кај Железничка станица (ниска вегетација)
- Брвеница, с. Милетино (ниска вегетација)
- Гостивар: с. Градец и с. Симница (ниска вегетација и ѓубре)
- Могила, атар на с. Могила (ниска вегетација)
- Битола, с. Лажец (депонија)
- Делчево, с. Вирче (ниска вегетација)
- Липково, с. Опае (ниска вегетација)
- Арачиново: Обиколница Клучка Илинден и с. Орланци (ниска вегетација и грмушки)
- Илинден, с. Кадино (ниска вегетација и трска)
- Сарај, атар на с. Рашче (ниска вегетација и грмушки)
- Шуто Оризари: ул. Брасјачка Буна и ул. Нов Живот (ѓубре)
ЦУК продолжува со следење на ситуацијата и координација со надлежните служби за навремено реагирање.