Изгаснати 20 пожари, два сè уште активни: Состојбата со пожарите низ земјата до 07:00 часот утрово

До 07:00 часот утрово, во земјава се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив, 20 се целосно изгаснати, два се активни, а три се ставени под контрола.

Активни пожари има во повеќенаменското подрачје „Јасен“, во општина Македонски Брод, каде што гори мешана шума, како и во Октишка краста, Струга, каде што е зафатена ниска вегетација.

Под контрола се следниве пожари:

  • Општина Сарај 2, од село Радуша кон село Дворце (ниска вегетација)
  • Општина Арачиново (ниска вегетација)
  • Општина Демир Хисар, село Мало Илино (дабова шума)

Изгаснати се пожарите во следниве општини и локации:

  • Кичево, с. Челопеци (нискостеблеста шума)
  • Македонски Брод, с. Крапа (нискостеблеста вегетација)
  • Крива Паланка, с. Нерав, место „Биљино“ (ниска вегетација и шума)
  • Струга, с. Белица (багреми и ниска вегетација)
  • Тетово: с. Џепчиште, с. Жеровјане и кај Железничка станица (ниска вегетација)
  • Брвеница, с. Милетино (ниска вегетација)
  • Гостивар: с. Градец и с. Симница (ниска вегетација и ѓубре)
  • Могила, атар на с. Могила (ниска вегетација)
  • Битола, с. Лажец (депонија)
  • Делчево, с. Вирче (ниска вегетација)
  • Липково, с. Опае (ниска вегетација)
  • Арачиново: Обиколница Клучка Илинден и с. Орланци (ниска вегетација и грмушки)
  • Илинден, с. Кадино (ниска вегетација и трска)
  • Сарај, атар на с. Рашче (ниска вегетација и грмушки)
  • Шуто Оризари: ул. Брасјачка Буна и ул. Нов Живот (ѓубре)

ЦУК продолжува со следење на ситуацијата и координација со надлежните служби за навремено реагирање.

Сподели ја објавата