Кои марки автомобили најчесто се возени од лоши возачи?

Некои возачи на одредени марки автомобили со години носат репутација на „климави“ зад воланот, но новите податоци откриваат дали тоа е навистина фер. Вечното прашање која марка собира најлошите возачи се води веќе години – од кафулиња до канцеларии, пренесува Express.

Од „окупирање“ на средната лента, претекнување од десната страна до пречесто брзо возење, некои марки стекнале глас по не баш примерните навики на своите возачи во сообраќајот. Германските марки често се спомнуваат во овие расправи, а возачите на Ауди неретко се истакнуваат по опасните потези.

Што открива лош возач? Понекогаш, дури и ситници откриваат лош возач – можеби најмногу од сè, некористењето на жмигавецот.

Истражувањето на DiscoverCars.com обиколило шест различни раскрсници и преброило скоро 1.500 автомобили, распоредувајќи ги по марки и бележејќи кој бил толку немаран да не вклучи жмигавец. Можеби не е изненадување што на врвот на листата е – BMW. Оваа германска марка одамна носи репутација на „проблематични“ зад воланот, а изгледа дека тоа повторно е потврдено: 19,3% од забележаните возачи возеле BMW.

Запаѓа во очи дека споменатото истражување покажува дека возачите на BMW три пати поретко вклучуваат покажувач на смер отколку возачите на десетопласираниот Peugeot. На второто место, потврдувајќи го стереотипот за германските автомобили, се наоѓа Mercedes-Benz – дури 14,7% од возачите не користеле жмигавци. Најлошата тројка ја сочинува уште и францускиот Renault – жмигавецот го изоставиле во 14,5% случаи.

Audi е само неколку проценти подобар, со 12,7% од возачите кои не дале покажувач на смер, а Vauxhall ја заокружува топ-5 листата исто така со 12,7%. Во продолжение на листата следи VW на шесто место, а потоа – помалку изненадувачки – Volvo, Toyota, Honda и Peugeot, кај кои само 6,7% од возачите пропуштиле да сигнализираат за свртување.

Извор:makedonijadenes.mk

Сподели ја објавата