Лисиците се спуштија во Капиштец – забележани неколку во последните денови

Неколку жители на скопската населба Капиштец изразија загриженост поради невообичаениот број на лисици забележани во паркот во овој дел од градот. Според нивните сведочења, лисици се појавувале во вечерните часови, најчесто во близина на паркот, а особено контејнерите. Некои жители изразиле страв, особено поради тоа што животните не се сретнуваат често во урбаните средини.

„Во последните неколку денови, лисиците почнаа да се појавуваат редовно. Имаше една што ја видов на патеката и уште неколку во близина на контејнерите. Се чувствувам непријатно, особено со деца и домашни миленици,“ вели еден од жителите.

Иако лисиците се вообичаени за повеќе природни области, нивната појава во градските паркови не е честа појава. Дивите животни, како лисиците, понекогаш влегуваат во урбаните области кога има недостаток на природна храна.

Сподели ја објавата