Попладнево во западните делови од земјата се очекува локален пороен дожд проследен со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер, а долж Повардарието ќе се засили и ќе биде од северен правец.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви интервали. Северниот ветер ќе биде умерен, повремено засилен.
Температурите ќе се намалат за 5 до 7 степени во однос на вчерашните. Максималните дневни вредности ќе се движат меѓу 25 и 32 степени.
Во недела утринските температури низ државата ќе бидат од 9 до 18 степени, додека дневните ќе достигнуваат од 26 до 33 степени.