На гости кај нашата Бети

Соопштение на Општина Гази Баба

На покана на Бети и нејзиното семејство градоначалникот Бобан Стефковски беше гостин во нивниот дом за да разговараат за предизвиците со кои се соочуваат.

Бети даде идеа која ќе биде дел од изборната програма за вториот мандат на Бобан Стефковски и во следните четири години истата ќе се реализира.
Ќе отвориме Центар за деца и лица со попреченост со индивидуален третман! Овој Центар ќе биде простор каде што децата и лицата со попреченост ќе добијат професионална поддршка, индивидуален пристап, стручни лица и соодветни услови за развој, рехабилитација и социјална вклученост.
И благодараме на Бети и нејзиното семејство за приемот во нивниот дом и за поддршката која ја даваат.




Извор:gazibaba.gov.mk

Сподели ја објавата