Денес, градоначалникот Дарко Костовски оствари средби со жителите на општина Бутел.
На заедничка маса, градоначалникот и 40 граѓани разговараа за можностите и решенијата за нивните потреби и проблеми.
Градоначалникот ги информираше граѓаните за преземените активности и плановите на општината кои се поврзани со нивното место на живеење.
Граѓаните посочија на проблеми, за што добија уверување за побрза реакција, секаде каде што е во надлежност на општина Бутел.
Подобрувањето на условите за живеење е во заеднички интерес и примарна цел.
Приемните денови ќе продолжат со несмалена динамика.
Сите граѓани на општина Бутел може да се јават на телефонскиот број 075-274-421.
Отворениот пристап кон граѓаните е еден од најважните принципи на работење на градоначалникот.






Извор:opstinabutel.gov.mk