Објавена програмата за „Карпошово културно лето 2025“

Општина Карпош ја објави деталната програма за овогодинешното издание на карпошово културно лето. Од 18 до 29 август ќе се одржат вкупно 10 настани од културен карактер. Истите ќе се одржат во повеќе населени места, а најголем дел од истите ќе се одржат на Млечен.

Со најголемите музички легенди на македонската народна и забавна музика, изворни песни и ора, етно музика, модерни и латино танци, ликовни изложби и многу други настани за заедничко дружење, релаксирање и забава на карпошани во жешките августовски вечери.

 

Сподели ја објавата