Одржана 19-та меѓународна детска ликовна колонија „Св. Пантелејмон“

Во галеријата на Детскиот ликовен центар кој се наоѓа во просториите на Кинотеката на Македонија, денеска заврши дводневната Меѓународна детска ликовна колонија „Св. Пантелејмон“, која се реализираше по 19-ти пат. Во рамки на оваа манифестација која традиционално се одржува со поддршка на Општина Карпош, учествуваа 24 основци и осум ментори од Карпош по ликовно образование, од кои двајца ученици и еден ментор од збратимената општина Тиват.

Во текот на вчерашниот ден, младите уметници ги создаваа своите ликовни творби во дворот на туристичкиот комплекс – Македонско село, од каде ја црпеа мотивацијата за своите дела. Инаку, творбите беа работени на слободна тема во акрилна, гваш и темперна  техника на платно. По тој повод денеска во просториите на Кинотеката на Македонија беа доделени дипломи на учесниците на ликовната колонија. Во таа насока претседателот на Детскиот ликовен центар, д-р Стојче Тоциновски и додели благодарница на Општина Карпош, за традиционалната поддршка на оваа манифестација.

Сподели ја објавата