И официјално денес ги потпишавме договорите за комплетна реконструкција на 28 улици, 5 договори за реконструкција фекална канализација и целосна реконструкција на партерното уредување на дворот на спортската сала во Шуто Оризари.
Проектите кои се реализираат од вториот повик на владата на Република Северна Македонија се и те како значајни за целосно заокружување на патната инфраструктура во нашата општина но и решавање на деценискиот проблем со фекалната канализација во месноста викано БАРАКИ. Комплет реконструкција на следните улици: ул. Брсјачка буна – целосно со сите краци ул. Смилевска ул. Плачковица ул. Селечка планина ул. Мак.Косовска бригада 10 – целосно ул. Мак.Косовска бригада 20 ул. Овчеполска – целосно ул. 1673 кај замокот ул. Чегевара ул. Бутелски венец крак 1 ул. Вашингтонска – целосно ул. Волт дизни – целосно ул. Диме мечето – целосно ул. Рељо Шесто Крило – целосно ул. Хаџи Јован Шишков – кај зградата ул. Демирхисарска – целосно ул. Мак. Косовска бригада 28 ул. Злетовска – целосно ул. Слан дол – целосно ул. Тиквешка ул. Мак.Косовска бригада 24 Комплет реконструкција следува и за фекалната канализација на следниве улици: ул. Волт дизни ул. Диме мечето ул. Селечка планина ул. Ѓорги Пенков ул. Вашингтонска Комплет нова изградба на спортско рекреативен центар кај спортската сала. Со овие проекти ја градиме нашата населба како никогаш досега, се со цел да ги подобриме условите и секојдневието на нашите сограѓани. Голема благодарност до владата на РСМ и до премиерот Христијан Мицкоски за подршката која ја даде на граѓаните на Општина Шуто Оризари.