Врз основа на член 50 став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 05/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 202/24), а во врска со точка 5.3 од Програмата за спорт и рекреација на Општина Центар-Скопје за 2025 година („Службен гласник на Општина Центар-Скопје” бр. 13/24), Градоначалникот на Општина Центар-Скопје објавува
ОГЛАС
за доделување спортски стипендии на талентирани спортисти од
општинските основни училишта на подрачјето на Општина Центар во
учебната 2025/2026 година
Општина Центар-Скопје доделува стипендии за талентирани ученици од VI до IX одделение во сите спортски дисциплини и од I до IX одделение во спортската дисциплина шах од општинските основни училишта на територијата на Општина Центар-Скопје.
- Услови за доделување стипендија
Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
– да се редовни ученици од VI до IX одделение во сите спортски дисциплини, освен учениците што се натпреваруваат во шах од I до IX одделение, во општинските основни училишта на подрачјето на Општина Центар.
- Критериуми за доделување стипендија
Потребно е ученикот-спортист да има постигнување на (индивидуални) спортски резултати, добиени и потврдени од националните спортски федерации за период од 1.1.2024 година до 31.8.2025 година и да се во согласност со календарот за натпревари на матичните национални и меѓународни федерации:
– Освоено прво место (1,5 бода), второ место (1 бод) и трето место (0,5 бода), на државно првенство;
– Интернационални (меѓународни натпревари во кои учество ќе земат минимум пет држави) прво место (2 бода), второ место (1,5 бода) и трето место (1 бод).
– Балканско првенство прво место (3 бода), второ место (2,5 бода), трето место (2 бода);
– Европско првенство прво место (5) бода, второ место (4) бода, трето место (3) бода и за учество (1) бод;
– Светско првенство прво место (6 бода), второ место (5 бода), трето место (4 бода) и за учество (2 бода);
– Добитник на Годишната награда на Општина Центар-Феникс (1 бод).
Учениците што учествуваа и беа прогласени за најдобри играчи, голмани и стрелци во Лига-Центар 2024/2025 се стипендисти.
Другите успеси и резултати што не се во согласност со календарот на натпревари од националните и од меѓународните спортски федерации нема да се земат предвид.
III. Потребни документи
Со барањето ученикот-спортист треба да достави:
– Потврда од училиштето дека спортистот е редовен ученик од I до IX одделение или е со место на живеење на територија на Општина Центар (копија од лична карта на еден од родителите);
– Биографија на спортистот;
– Контакт телефон на родител-старател;
– Важечки документ (потврда) издадена од националната федерација за спортските успеси и резултати во периодот од 1.1.2024 година до 31.8.2025 година.
Доказите (дипломи, и билтен со печат од националната федерација) за освоени места за пласман да се достават во копии.
- Висина на стипендијата и рангирање
Стипендијата изнесува 2.500,00 денари, 3.000,00 денари и 3.500,00 денари месечно за осум месеци во текот на учебната година:
– За освоени од три (3) до шест (6) бода стипендијата изнесува 2.500,00 денари;
– За освоени од седум (7) до десет (10) бода стипендијата изнесува 3.000,00 денари;
– За освоени повеќе од десет (10) бода стипендијата изнесува 3.500,00 денари.
Кандидатот има право да поднесе апликација доколку претходно нема добиено стипендија од други институции.
- Начин на пријавување
Документите треба да се доставуваат до Архивата на Општина Центар-Скопје или по пошта на ул. „Михаил Цоков“ бр. 1 – Скопје, со назнака „ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ СПОРТСКИ СТИПЕНДИИ НА ТАЛЕНТИРАНИ СПОРТИСТИ ОД ОПШТИНСКИТЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА ЦЕНТАР“.
- Рок за поднесување документи
Краен рок за поднесување документи е 23.9.2025 година.
Документите на кандидатите што не се комплетни и не се навреме доставени нема да се разгледуваат.
- Секој заинтересиран ученик може да поднесе документи само на еден оглас – култура, наука или спорт. Доколку поднесе во различни категории, документите нема да се разгледуваат.
Извор:www.centar.gov.mk