Оглас за доделување стипендии на талентирани ученици од областа на културата од основните училишта во Општина Центар

Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија” бр. 05/02 и „Службен весник на РСМ“ бр. 202/24), а во врска со точка 4.17 од Програмата за  култура за 2025 година („Службен гласник на Општина Центар-Скопје“ бр. 13/24), Градоначалникот на Општина Центар-Скопје објавува

 

 

О Г Л А С

за доделување стипендии на талентирани ученици од областа на културата од општинските основни училишта на територијата на Општина Центар-Скопје за учебната 2025/2026 година

 

Општина Центар-Скопје доделува стипендии за талентирани ученици од VIII и од IX одделение од општинските основни училишта на територијата на Општина Центар-Скопје.

 

I Услови за доделување стипендија

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • да се редовни ученици во VIII и во IX одделение во општинските основни училишта на подрачјето на Општина Центар-Скопје;
  • да оствариле континуиран успех одличен (5.00) во последните три учебни години.

 

II Критериуми за доделување стипендија

Освоени награди од областа на културата  (сите видови на уметност) во последните три учебни години, односно ќе се вреднува успехот од натпреварите постигнат од 1.9.2022 година:

  • прво место градски (општински) натпревар (0,5 бод);
  • прво место регионален натпревар (1 бод);
  • прво или второ место државен натпревар (2 или 1,5 бода);
  • прво или второ место меѓународен натпревар (3 бода или 2,5 бода);
  • добитник на Годишната награда на Општина Центар-Феникс (1 бод);
  • се вреднува само индивидуалниот успех на ученикот;
  • право на разгледување имаат само дипломи од лиценцирани организатори на натпревари;
  • ќе се признаваат дипломи од меѓународни натпревари со учество на минимум пет држави.

 

III Потребни документи

Со барањето кандидатот треба да достави:

  • потврда од училиштето дека е редовен ученик;
  • биографија;
  • контакт телефон на родител-старател;
  • фотокопии од дипломи од освоени награди на натпревари од областа на културата од последните три учебни години, односно ќе се вреднува успехот од натпреварите постигнат од 1.9.2022 година;
  • фотокопии од сведителства за постигнат успех во последните три учебни години.

 

IV Висина на стипендијата и рангирање

  • Стипендијата изнесува 2.500,00 денари и 3.000,00 денари месечно, осум месеци во текот на учебната година;
  • За освоени од пет (5) до четириесет (40) бода стипендијата изнесува 2.500,00 денари;
  • За освоени повеќе од четириесет (40) бода стипендијата изнесува 3.000,00 денари.

 

V Начин на пријавување

Документите треба да се доставуваат до Архивата на Општина Центар-Скопје или по пошта на ул. „Михаил Цоков“ бр. 1 – Скопје со назнака „За доделување стипендии на талентирани ученици од областа на културата од општинските основни училишта на територијата на Општина Центар-Скопје“.

Пријавите ги разгледува и по нив одлучува општинска комисија формирана за овој Оглас.

 

VI Рок за поднесување документи

Краен рок за поднесување документи е 23.9.2025 година.

Нема да се разгледуваат документи што не се комплетни и оние што не се доставени навреме.

  • Секој заинтересиран ученик може да поднесе документи само на еден (1) оглас – култура; науки, техника и посебни вештини или спорт. Доколку поднесе во различни категории, документите нема да се разгледуваат.
  • Комисијата го вреднува индивидуалниот успех постигнат во последните три учебни години, односно се вреднува успехот постигнат од 1.9.2022 година.

                                                     

VII Решенија за стипендии според одлука на Комисијата

Општина Центар-Скопје има цел од секое училиште да се избере најмалку еден ученик, иден стипендист, кој во наведениот период постигнал одредени резултати и ги исполнува условите. Во согласност со одлуката на Комисијата за спроведување постапка за доделување стипендии, градоначалникот донесува решенија. По исклучок, доколку од некое училиште нема ученик што целосно ги исполнува критериумите и условите, Комисијата избира ученик што покажал највисоки резултати на одредени натпреварувања и својата одлука за тоа му ја доставува на градоначалникот за донесување решение.

 

Извор:www.centar.gov.mk

Сподели ја објавата