Општина Бутел наскоро ќе започне со реконструкција и поставување на енергетска фасада на општинското основно училиште “Петар Здравковски – Пенко”.
Локалната самоуправа решава проблем кој беше главно барање на сите родители.
Со ова значително ќе се подобрат услови за изведување на наставата, а дополнително ќе се заштеди на енергија.
Ова е уште едно барање кое општината го реализира во заеднички разговор со родителите.
Општина Бутел ги подобрува условите на општинските основни училишта.
Извор:opstinabutel.gov.mk