ООУ “Петар Здравковски – Пенко” во Скопје – Север ќе добие целосно нова фасад

Општина Бутел наскоро ќе започне со реконструкција и поставување на енергетска фасада на општинското основно училиште “Петар Здравковски – Пенко”.

Локалната самоуправа решава проблем кој беше главно барање на сите родители.

Со ова значително ќе се подобрат услови за изведување на наставата, а дополнително ќе се заштеди на енергија.

Ова е уште едно барање кое општината го реализира во заеднички разговор со родителите.

Општина Бутел ги подобрува условите на општинските основни училишта.

Извор:opstinabutel.gov.mk

Сподели ја објавата