Денес, оваа одлука едногласно ја донесоа сите советници во општина Бутел.
За првпат општина Бутел ќе добие Дом на културата кој ќе биде нов симбол на културно-забавниот живот.
Обезбедени се 51.000.000 денари од Буџетот на Владата на Република Македонија преку Министерство за култура и 50.000.000 денари од Буџетот на општина Бутел.
Домот на културата ќе се протега на два ката и ќе има површина од 900 м2 и плоштад на површина од 2000 м2.
Проектот за овој капитален проект е целосно изработен и набргу ќе биде презентиран во јавноста.
Плоштадот ќе се протега на 5000 м2 и целосно ќе го промени ликот на општината.
Ова е еден од проектите кој граѓаните на општина Бутел го очекуваат долго време и конечно ќе се реализира.
Општина Бутел се развива и напредува.






Извор:opstinabutel.gov.mk