Денес, градоначалникот Дарко Костовски го потпиша решението за исплата на еднократна финансиска помош и поддршка на пензионерите.
525 пензионери од општина Бутел ќе добијат финансиска помош во износ од 2000 денари.
Финансиската поддршка значи повеќе сигурност и достоинство за највозрасните сограѓани.
Средства што за многумина значат покривање на секојдневните трошоци.
Комисијата продолжува со работа – исплатата се одвива според редоследот на поднесените барања по Јавниот повик.
Општина Бутел помага затоа што никој не смее да биде оставен сам.