Општина Бутел: 525 пензионери ќе добијат еднократна парична помош

ФОТО: Општина Бутел

Денес, градоначалникот Дарко Костовски го потпиша решението за исплата на еднократна финансиска помош и поддршка на пензионерите.

525 пензионери од општина Бутел ќе добијат финансиска помош во износ од 2000 денари.

Финансиската поддршка значи повеќе сигурност и достоинство за највозрасните сограѓани.

Средства што за многумина значат покривање на секојдневните трошоци.

Комисијата продолжува со работа – исплатата се одвива според редоследот на поднесените барања по Јавниот повик.

Општина Бутел помага затоа што никој не смее да биде оставен сам.

Сподели ја објавата