Општина Бутел продолжува со надградбата на ООУ „Ацо Шопов“

Општина Бутел во заедничка соработка со Министерството за образование и наука ги надмина проблемите кои произлегоа при изведба на надградбата на ООУ “Ацо Шопов”.

Новиот објект ќе содржи 4 училници, хол, тоалети и други неопходни простории.

Оваа надградба ќе биде уште еден симбол за посветеноста на општина Бутел за обезбедување на најдобри услови за децата.

Градоначалникот Дарко Костовски вети дека ваквите капитални инвестиции ќе бидат приоритет и тоа го исполнува.

Наскоро ќе биде изграден нов мега капитален проект во дворот на ООУ “Ацо Шопов”.

Градоначалникот изрази огромна благодарност до граѓаните на општината а особено до граѓаните на Радишани, за  поддршка која ја добива.

Воедно градоначалникот најаби многу нови проекти за Радишани.

Извор:opstinabutel.gov.mk

Сподели ја објавата