ОПШТИНА БУТЕЛ ЌЕ ИМА ДОМ НА КУЛТУРА И ВЕЛЕЛЕПЕН ПЛОШТАД ВЕДНАШ ДО ЦРКВАТА “РОЖДЕСТВО НА СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ”

Денес, оваа одлука едногласно ја донесоа сите советници во општина Бутел.

За првпат општина Бутел ќе добие Дом на културата кој ќе биде нов симбол на културно-забавниот живот.

Обезбедени се 51.000.000 денари од Буџетот на Владата на Република Македонија преку Министерство за култура и 50.000.000 денари од Буџетот на општина Бутел.

Домот на културата ќе се протега на два ката и ќе има површина од 900 м2 и плоштад на површина од 2000 м2.

Проектот за овој капитален проект е целосно изработен и набргу ќе биде презентиран во јавноста.

Плоштадот ќе се протега на 5000 м2 и целосно ќе го промени ликот на општината.

Ова е еден од проектите кој граѓаните на општина Бутел го очекуваат долго време и конечно ќе се реализира.

Општина Бутел се развива и напредува.

Извор:opstinabutel.gov.mk

Сподели ја објавата