Општина Чаир ги прогласи Џозеф Џон Диогуарди и Шерли Клојс Диогуарди за “Почесни Граѓани”

Во атмосфера достојна за значењето на овој чин, меѓу силни аплаузи и искрени емоции, Општина Чаир организираше свечена церемонија за прогласување на г. Џозеф Џон Диогуарди и г-ѓа Шерли Клојс Диогуарди за „Почесни граѓани“ – две личности со исклучителен придонес за албанското прашање на меѓународната сцена.

Настанот се одржа во присуство на Првиот заменик-претседател на Владата на Република Северна Македонија, г. Изет Меџити, како и на голем број министри, заменик-министри, пратеници, градоначалници и претставници на различни државни и локални институции. Церемонијата се претвори во јасен доказ за вредностите што Чаир постојано ги промовира: институционална благодарност, почит за меѓународниот придонес и негување на историското сеќавање.

Градоначалникот на Општина Чаир, г. Висар Ганиу, ја потенцира важноста на овој чин, изјавувајќи:
„Со прогласувањето на г. Диогуарди и г-ѓа Клојс Диогуарди за Почесни граѓани, ние не им оддаваме признание само за нивното славно минато, туку испраќаме јасна порака до новите генерации – дека искреното пријателство, правичниот став и посветеноста кон вистината се вредности кои не се забораваат.“

За Албанците, овој чин не претставува само симболично признание – туку длабок национален израз на благодарност кон две личности кои му дадоа глас на албанското право во најтешките моменти од модерната историја. Преку оваа церемонија, Општина Чаир уште еднаш ја потврди својата улога како институција што го вреднува придонесот без граници, во функција на правдата, достоинството и заедничката историја.

Сподели ја објавата