Денес, под раководство на градоначалникот на Општина Чаир, г. Висар Ганиу, беше одбележан официјалниот почеток на градежните работи за изградба на помошното игралиште во рамки на стадионот на ФК Шкупи – проект со големо значење за спортот во општината, кој целосно се финансира од буџетот на Општина Чаир.
На настанот присуствуваа Првиот заменик-претседател на Владата, г. Изет Меџити, Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, г. Масар Омерагиќ, Заменик-министерката за спорт, г-ѓа Сафие Шахини Садики, Претседателот на Советот на Чаир, г. Јетмир Асани, пратеничката г-ѓа Фериде Хаџиу, како и тренери, спортисти и претставници од спортската заедница.
Игралштето ќе има површина од 4644 м², со димензии 80 x 50 метри, вештачка трева според стандардите на ФИФА, систем за атмосферска дренажа и целосно осветлување, што ќе овозможи користење преку целата година. Работите се очекува да завршат во рок од 45 до 60 дена.
Овој проект е потврда за заложбата на Општина Чаир да создава современи и одржливи услови за развој на спортот и поддршка на новите спортски генерации.