Прекин на електрична енергија во делови од Илинден и Волково

Денеска делови од Скопје ќе останат без електрична енергија поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, информира Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје.

  • Од 8:30 до 12:30 часот без струја ќе бидат корисниците на улицата „27“ во населба Илинден.
  • Од 9:00 до 11:00 часот прекин ќе има и за жителите на улица „33“ во населба Волково, општина Ѓорче Петров.

Прекините се најавени како дел од планските активности за одржување и подобрување на електромрежата во градот.

Сподели ја објавата