ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека утре (четврток), поради изведба на водоводен приклучок со пречник Ф-150 мм на ул. „Козле“ бр. 132, ќе има прекин во водоснабдувањето за корисниците на следниве улици:
- дел од ул. „Козле“
- дел од ул. „Јуриј Гагарин“
- „Мокра“
- „Кораб“
- „Струшка“
Со намален притисок на вода ќе бидат и населбите Трнодол, Жданец и Нерези.
Прекинот ќе трае од 09:00 часот до завршување на работните активности.